Тенис
25. April 2016 - 11:25

Надал победи и во Барселона

Рафел Надал деветти пат во кариерата го освои АТП турнирот во Барселона. Надал ја освои 49-та титула на земјана подлога со што го израмни рекордот на Аргентинецот Гиљермо Виљас.
 
Надал во финалето во Барселона го победи Јапонецот Кеи Нишикори со 2:0 (6:4, 7:5).
 
Надал, кој претходно го освои и Мастерсот во Монте Карло, покажа дека се враќа во препознатливата форма. Финалениот меч против Нишикори тој го заврши со 21 директен поен и 18 неизнудени грешки, додека кај Јапонецот тој однос беше 29/34.