Тенис
28. August 2016 - 18:31

Надал: Наскоро ќе бидам 100 % фит, но Ѓоковиќ и Мареј се напред

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во пресрет на почетокот на УС Опен изјави дека во светот на тенисот нема повеќе „голема четворка“ и дека Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се најдобрите во овој момент.
 
Според Надал, неговите повреди и повредите на Роџер Федерер ги оддалечиле од врвот.
 
- Големата четворка остаре. Тоа е нормално. Доаѓаат нови генерации кои сакаат да бидат на врвот. Јас се повредив, истото важи и за Фердерер. Новак и Мареј направија разлика во однос на другите, изјави Надал.
 
Тој додаде дека сега се чувствува многу подобро по повредата и паузата од два и пол месеци.
 
- Ми треба време. Се обидов да играм во силен ритам на Олимписките игри во Рио и на Мастерсот во Синсинати, но сепак чувствував болка. Секој ден сум подобро и се надевам дека наскоро ќе бидам 100 проценти подготвен, истакна шпанскиот тенисер.