Loading Video...
Тенис
26. February 2022 - 11:09

Надал му направи голема услуга на својот „лут“ ривал Ѓоковиќ

 
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му направи голема услуга на неговиот „лут“ ривал Новак Ѓоковиќ. 
 
Шпанецот со победата над Данил Медведев во полуфиналето на турнирот во Акапулко, ќе му овозможи на Ѓоковиќ по само две седмици да се врати на првото место на АТП листата. 
 
Во реприза на финалето од Австралија опен, Надал потврди дека во моментов е далеку подобар од Медведев кој го совлада во два сета со идентични 6-3 и 6-3.
 
Медведев сепак во понеделник (28 февруари) ќе го преземе лидерското место на АТП листата, од Ѓоковиќ, но само 14 март кога Србинот повторно ќе се врати врвот.  
 
После тоа, сè ќе зависи од нивните настапи на Мастерсот во Индијан Велс. 
 
Инаку Надал во финалето во Акапулко ќе игра против шестиот носител Камерон Нори. Британецот во полуфиналетро со 6-4 и 6-4 го победи Гркот, Стефанос Циципас.