Loading Video...
Тенис
18. October 2018 - 19:44

Надал и Ѓоковиќ нема да играат во Џеда?!

Политиката се почесто врши притисок и врз спортот.  Последни тоа го чувствуваат  Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои треба да одиграат егзибициски меч во Џеда, Саудиска Арабија.

            Во овој случај притисокот го вршат светските медиум па постои голема шанса мечот да се откаже поради изчезнувањето и евентуалното убиство на новинарот Џамал Кашоги, за што организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ официјално побара од Надал и Ѓоковиќ да размислат откако претходно се согласија да го одиграат мечот во насока на популаризација на овој спорт во арапската земја која нема ниту еден професионален тенисер.

            Медимите ги повикаа најдобрите светски тенисери да најдат начин доколку одат во Саудиска Арабија да најдат начин како да ги поддржат храбрите борци за човековиправа во земјата од блискиот исток.

            Интересни дуели се одиграа во кошаркарската Евролига во рамките на новото коло а значајна победа  забележа Фенербахче кој славеше со 93-85 против рускиот гигант Химки. Турците одлично го одиграа првото полувреме  и обезбедија предност од 9 поени која ја задржаа до крајот на мечот откако Николо Мели забележа 16 поени помогнат од Али и Датоме со по 14. Најефикасен на мечот беше Алексеј Швед од Химки со 26 поени.

            Реал Мадрид кој ја брани титулата беше на прагот на пораз во Милано но домашните ја испуштија шансата  по водство од 15 поени разлика и на крајот загубија со 91-85.  Пријатно изненади Жалгирис во Истанбул совладувајќи го Анадолу Ефес со 93-79.