Тенис
3. November 2017 - 10:23

Надал и Чилиќ се изборија за четвртфинале во Париз

Рафаел Надал и Марин Чилиќ се двајцата последни тенисери кои изборија пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз. Надал синоќа со 2-1 во сетови го совлада Пабло Куевас и ја потврди фаворитската улога на овој турнир.
Чилиќ пак беше подобар од Роберто Баутиста Агут со 2-0 во сетови, во меч што заврши после полноќ, па хрватскиот тенисер ќе има малку време за одмор во однос на ривалот во денешното четвртфинале.
Четвртфиналната програма ќе ја „отворат“ Џон Изнер и Хуан Мартин дел Потро, потоа е дуелот на Надал со Филип Крајиновиќ. Чилиќ за противник го има Жулиен Бенето во третиот меч, а на крајот е дуелот меѓу Фернандо Вердаско и Џек Сок.