Loading Video...
Тенис
27. August 2018 - 19:08

Надал го брани трофејот на УС Опен

Денеска стартуваше последниот Грен СЛем,  отвореното првенство на САД. Љубителите на тенисот можат да бидат задоволни бидејќи за разлика од минатата година ќе бидат присутни најдобрите тенисери на денешницата на чело со Надал, Ѓоковиќ, Федерер, Вавринка, Мареј и Нишикори.

            Приматот го брани Надал но според букмејкерите фаворит број еден е Новак Ѓоковиќ  кој триумфираше во Вимблдон и Синсинати по кам-бекот поради повредата.

            На женскиот турнир се враќа Серена Вилијамс која е прв фаворит во конкуренција на Халеп и ланската победничка Слоун Стивенс.