Тенис
21. August 2015 - 8:15

Надал елиминиран во осминафиналето на Синсинати

Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал се потешко успева да стигне до завршницата на големите турнири. Ноќеска тој загуби во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати од Фелицијано Лопез со 2:1 во сетови (5:7; 6.4 и 7:6).

На другите осминафинални мечеви по голема борба Мареј го победи Димитров со 2:1, Федерер беше поуспешен од Андерсон со 2:0, Гаске со 2:0 го победи Чилиќ, Бердих на Робредо му препушти само еден гем,  Ѓоковиќ со 2:1 го победи Гофин, а триумфи со истиот резултат постигнаа и Вавринка над Карловиќ и Долгополов над Јанович.

Во четвртфиналето попладнево и вечерва ќе играат:

Ѓоковиќ – Вавринка,

Долгополов – Бердих,

Гаске – Мареј и

Лопез – Федерер.