Спорт плус
19. јуни 2020 - 9:13

Над велешкото езеро Младост во недела прва трка од Ендуро шампионатот за 2020

Во организација на Мото клубот „Мото-Велес“ во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМА) и Општина Велес во недела на 21 јуни со старт од 11 часот ќе се одржи првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2020.

Како што информира за МИА Сашко Ванов од Мото клубот „Мото Велес“, најавени се  околу 50 учесници од мото клубовите во земјава,  кои ќе се натпреваруваат во класите  E1,E2,E3,i Veles Off Road за возачи аматери.

Тој појасни дека за време на трката тие ќе ги  спроведуваат препораките на Агенцијата за млади и спорт, но псочува дека сепак  се работи за индивидуален спорт каде  нема контакти меѓу возачите.

Во недела од 9-10 часот е пријавувањето за трката и техничкиот преглед. Стартот е во 11, а во 16 часот е предвидено да биде прогласувањето на победниците во сите класи и категории.
 
Како што информира Ванов, ќе се возат четири круга по 25 километри со еден ендуро тест во секој круг каде ќе се мери времето.