Македонија
9. January 2018 - 15:31

Над седум илјади туристи во Kрива Паланка и манастирот Св. Јоаким Осоговски во празничниот викенд

За време на продолжениот празничен викенд манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски кај Крива Паланка го посетиле над седум илјади туристи, а сместувачките капацитети биел исполнети до последно место, информираат одговорните во манастирот од Кумановско-Осоговска епархија.

Убавата природа, чистиот воздух и продолжениот празничен викенд беа повод овој прекрасен предел на Осоговските планини да биде дестинација на илјадниците посетители од речиси сите краеви на Македонија, бројни беа и гостите од соседна Бугарија, но и повратници од западноевропските земји кои во духот на христијанството дојдоа во родната Крива Паланка.

- Над стотина легла со кои располагаат манастирските конаци и хотел беа исполнети за време на деновите од викендот, а се бараше и место повеќе. Топлото време,празниците посветени на семејството и Бог, традиционалната кривопаланечка кујна, со специјалитети од храна од ова поднебје, услужнито персонал и духовнито мир,беа она што ги привлече бројниет посетители, кои во огромен број дојдоа во манастирот, дополнуваат одговорните од манастирот.

Водопад Јоаким Осоговски

Оттаму информираат дека веќе се целосно пополнети капацитетите и за празнувањето на Стара-нова година претстојниот викенд, кога во манастирскито ресторан ќе има и организирана прослава.

Речиси преполн беше и паркинг-просторот кај манастирот а многу фреквентни беа и двата патни правци кои водат во Св. Јоаким Осоговски, поради близината и на туристичкиот локалитет Калин Камен каде убавото сончево време го минаа голем број туристи, кои ја искористија несекојдневно високата температура над десет степени целзиусови, за овој период од годината.

Во неделата, пак, љубителите на планината можеа да присуствуваат на тардиционалната Божиќна планинарска тура до Станечки водопади во село Станци, во организација на здружението за планианрење и заштита на планината „Калин Камен“, Крива Паланка.