Свет
15. јуни 2020 - 11:53

Над осум милиони луѓе ширум светот заразени од Ковид-19

Во светот 8.007.804 луѓе се заразени со вирусот Ковид 19, покажуваат најновите податоци на веб-страницата на Ворлдметерс (Worldometers).

Од вирусот починале 435.855 лица, а излекувани се 4.134.874 лица.

Најголем број заразени и починати има во САД – 2.162.222 случаи се заразени, а 117.858 лица починале.

Втор е Бразил, каде се заразени 867.882 лица, а починале 43.389 лица.

Трета земја по бројот на заразени е Русија – 537.210 лица, а на второ место по смртност е Велика Британија, каде од коронавирус починале 41.698 луѓе.