Македонија
20. November 2015 - 16:24

Над илјада мигранти заробени на ничија земја - Грција не го почитува договорот од Брисел

Со пораки во рацете на кои пишува каде се човековите права, и ние сме луѓе, стоп на расизмот бегалците кои доаѓаат од земјите каде нема воена криза го изразуваат нивното незадоволство од одлуката за селективно пропуштање на мигрантите.

Станува збор за околу 2000  лица кои втор ден се наоѓаат на јужната гранична линија кај котата 58 и 59.  И покрај тоа што беше договорено во Брисел да не се прошуштаат економските мигранти Грција не прави никаква селекција и  не го почитува договореното туку ги  прифаќа  сите мигранти и ги  транспортира  до нивниот прифатен центар на македонско грчката граница, а потоа ги упатува во Македонија.

Мигрантите  се револтирани поради одлуката транзит низ македонска територија да се дозволи единствено на тие  кои доаѓаат од подрачјата со воена криза. И покрај ваквите мерки на државата кои се усогласени на регионално и меѓународно ниво мигрантите не отстапуваат од нивната намера да го продолжат патот кон Север и остануваат да кампуваат на јужната гранична линија.

-Ако нема промени јас останувам да чекам овде. Несакам да се враќам назад или да одам по други рути. Ќе чекам овде се додека не ни дозволат да поминеме. Никој претходно не ни кажа дека треба да чекаме овде, повеќе немаме ниту пари ниту храна. Немаме ќебиња, а времето е многу лошо и затоа сакаме што побрзо да стасаме до некоја европска земја за подобар живот, вели мигрант од Непал

Иако  повремено се создаваат тензии состојбата на теренот  е мирна и под целосна контола. За разлика од економските мигранти  кои доаѓаат од Непал, Бангладеш, Либан, Конго Марокон и други земји од Блискиот Исток и Африка и денеска без проблем се пропуштаат бегалците кои доаѓаат од кризните подрачја односно државјаните на Сирија, Авганистан и Ирак. 

Според инфромациите на МВР во изминатото денонокие биле издадени нови  2589 потврди на странски државјани за барање право на азил. Од нив и понатаму најбројни се сиријците.