Над илјада македонски граѓани ја искористија можноста за мобилно издавање пасоши во конзулатот во Бон
За помалку од три месеци, над илјада државјани на Република Македонија кои живеат во Сојузна Република Германија, се сликаа за нови патни исправи во Конзуларното одделение во Бон, каде во функција е ставена новата базна станица.
Конзулот Боро Мирчески вели дека седумстотини биометриски пасоши се готови, а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која придонела за кратење на постапката и намалување на трошоците.
-Oвој проект е исклучително полезен за нашата дијаспора. Од искуството во изминатиот период, како го отпочнавме проектот, можам да посведочам само на зголемување на задоволството кај странките. Во моментов, во нашата амбасада во Бон, странките добиваат изготвена патна исправа за помалку од 30 дена, вели Мирчески.
Дијаспората е задоволна од новиот начин на издавање на биометриските исправи и од вработените во кознуларното одделение во Бон.
-Подобрувањето на услугите на дипломатските и конзуларните претставништва на Република Македонија преку базните и мобилните станици е еден од многубројните проекти на Министерството за надворешни работи за дијаспората, велат од МНР.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот