-->
-->
Над два тони амониум нитрат запленети во југоисточна Турција
-->
Над два тони амониум нитрат, материја што се употребува за производстви на експлозивни направи и полнење на бомби, беа запленета во округот Битлис во југоисточна Турција.
Локалните власти соопштија дека амониум нитратот бил сокриен под земја, веројатно од борци на Курдската работничка партија (ПКК).
Тој бил пронајден од страна на жандармеријата во регионот кај градот Мутки.
По одлука на турското обвинителство амониум нитратот бил уништен на местото.
ПКК, како и другите терористички групи често користат експлозиви на база на амониум нитрат за извршување на напади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација