Македонија
24. May 2018 - 16:15

Над десет илјади Македонци заминаа на продолжен викенд надвор од државата

Повеќе илјади македонци продолжениот викенд ќе го поминат во соседните Грција и Бугарија. Најголемиот дел од нив, околу 10.000 илјади се одлучиле тоа да биде јужниот сосед.

Ова беше и причина за зголемената фрекфенција на сите гранични премини со Грција. Вобичаено најголем број на патници и возила се регистрирани на граничниот премин Богородица каде фрекфенцијата е скоро за три пати поголема во однос на останатите викенди.

Бранот со викенд туристи  започнал уште во текот на вчераниот ден напладне  и траеше се истиот период денес до кога само за излез од државата се регистрирани над 10.000 патници од кои 8500 се македонски државјани. 

За побрз прокот на патниците беа активирани шест ленти, од кои 5 за патничките возила и една за автобуси, а поради потребните царински формалности за минување на границата се чекаше од 20 до 30 минути.

 Од полноќ зголемена фрекфенција за три до четири пати  има и на Дојран. Денеска преку овој премин во Грција влегле околу 900 македонски државјани. 

Продолжениот празничен викенд го зголеми бројот на патници и на грничните  премини  со Република Бугарија. 

На Ново Село се регистрирани окол 1600 патници, но овде освен за излез зголемена фрекфенција има и за влез во нашата држава бидејќи денешниот празник се одбележува и во Бугарија па дел од нивните државјани решиле  слободниот ден да го поминат  во Македонија.