Свет
4. September 2020 - 8:50

Над четири милиони заразени со коронавирус во Бразил

Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани 43.773 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број се искачи на повеќе од четири милиони, односно 4.041,638, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Во последното деноноќие од Ковид-19 починале 834 лица, односно 124.614 од почетокот на пандемијата.

Бразил е најтешко погодена земја во светот после САД.