Свет
30. January 2023 - 10:53

Над 90 лица повредени во експлозија во џамија во Пакистан

Најмалку 70 лица се повредени во експлозија во џамија во пакистанскиот град Пешавар во близина на границата со Авганистан, јави Ројтерс, повикувајќи се на полициски претставник.

„Дел од зградата се урнал и се верува дека луѓето се затрупани“, рече полицаецот.

Портпаролот на локалната болница изјави дека таму се примени седумдесет лица, од кои некои се во критична состојба.