Свет
10. September 2015 - 9:02

Над 90 илјади лица во Јапонија треба да се евакуираат поради поплави и свлечишта

Судбината на една жена е непозната, а над 90 илјади лица добија наредба да се евакуираат денеска поради поплави и свлечишта во источна Јапонија, јави ДПА. 

Жената исчезнала во регионот на градот Канума, на сто километри северно од Токио, каде пројниот дожд предизвика свлечиште. 

Во градот Нико, на 140 километри северно од Токио, паднале 400 милиметри дожд од понеделникот. Според метеоролозите толкава количина не е забележана во Јапонија со децении. 

Јапонија вчера беше погодена од 18. тајфун оваа сезона.