Македонија
15. јуни 2018 - 16:20

Над 8.000 Македонци заминале во Грција во последните 24 часа само преку Г.П. Богородица

Вообичаено, продолжениот празничен викенд ја зголеми фрекфенцијата на граничните премини со Грција. Најголемиот број на возила и патници се регистрирани на Богородица кој е и најголем премин со јужниот сосед. Само тука  за 24 часа на излез од нашата држава биле регистрирани 17 000 патници од кои скоро половина  се македнски државјани.  Но,  и покрај зголемената фрекфенција која посебно беше изразена во претпладневните часови некои поголеми задржувања немаше, а маскималното време за минување на границата на македонска страна беше околу 15 минути.

,, Од текот на вчерашниот ден од девет часот до овој период, до овој момент на излез се евидентирани околу 17 000 патници од кои 8000 се македонски државјани. Шпицот на овој бран према Грција беше во утринските часови  некаде од 6 шасот  до 9 и 30. Сега веќе тој бран е намален.  Има по неколку возила на излез, се работи на четири излезни ленти и не дозволуваме да се створи гужва и чекање на патниците. ,, рече МИЛЕ ТОШЕВ – КОМАДИР НА ГП БОГОРОДИЦА

Освен кај македонските државјани кои во најголем дел во Грција ќе ги поминат деновите од продолжениот викенд зголемување има и кај странските државјани. Се работи претежно за туристи од Србија и Романија кои веќе започнуваат со летување во грчките туристички центри.   Зголемена фрекфенција и нов бран на патници и возила се очекува во недела во попладневните часови, но овој пат тоа ќе биде на влез во нашата држава кога и ќе започне враќањето на македонските државјани.