Македонија
15. October 2021 - 16:41

Над 80% од починатите во последните два месеци биле невакцинирани

83 проценти од 1382 починати со Ковид во последните два месеци, не биле вакцинирани, информираа од министерството за здравство. 233 лица иако биле имунизирани ја загубиле битката со вирусот.

-Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, соопштија од МЗ.

Последниот извештај покажува дека од 6 август до вчера во земјава 40.208 граѓани биле позитивни на Ковид, од нив 75 % не биле вакцинирани, а 10.066 лица од заразените ги примиле двете вакцини.

Во моментот во Ковид центрите на болничко лекување има  465 пациенти, од нив 79 отсто не биле вакцинирани.

Инаку бројката на хоспитализации за разлика од пред 1 месец речиси за 3 пати е намалена.

Двојно е паднат и бројот на активни случаи.  На 1 октомври имало 12.000, а во моментот заразени се 6.600  граѓани.