Бизнис
19. December 2016 - 19:49

Над 7.400 слободни работни места на пазарот на труд - Се бараат работници за различни дејности

Над 7400 слободни работни места се водат во евиденцијата на агенцијата за вработување. Тоа е бројот на активни огласи кои компаниите и институциите низ земјата ги објавуваат на веб страната.

Се нуди ангажман на работници во повеќе индустрии, а од Центарот за вработување Скопје, велат дека агенцијата активно работи и на посредување меѓу барателите на работа и работодавачите.

Слободанка Алексовска, раководител на  Центар за вработување Скопје

Во тек се повеќе огласи кои на невработени им нудат прилика да ги подобрат или прилагодат своите вештини на побарувачката на пазарот на труд, како што е огласот за јазици и компјутери, но и за дефицитарни занимања.

 Слободанка Алексовска, раководител на  Центар за вработување Скопје

Компаниите може да ги вработуваат работниците со искористување на поволностите од тековниот проект Македонија Вработува 2.