Македонија
30. December 2015 - 16:51

Над 700 артефакти откриени годинава изложени во Археолошкиот музеј

Над 700 артефакти од античко време се до среден век пронајдени на 60 археолошки локалитети во Македонија оваа година. Дел познати во научната сфера, дел откриени во оваа година. Најголемото откритие е античкиот објект театар во локалитетот Скупи каде веќе е започната конзервација на сценската зграда. За прв пат годинава на изложбата се најдоа артефакти од локалитети ископувани во северна Македонија. Монети на кралевите  Александар трети македонски, Филип Втори, Аминта трети, Персеј, стотици сребрени и бронзени пари од антиката и средниот век .  

Овие артефакти имаат непроценлива вредност рече премиерот Груевски за кои Владата вложува средства кои се од големо значење за идентитетот,  историјата, културата и традицијата на луѓето од овие простори.

Со проектот археолошки катастар на РМ се изведени теренски активности на старите градови и тврдини на територија на Македонија.  Овие пронајдоци се од огромно значење за државата на меѓународен план.

Влезот за граѓаните е бесплатен а изложбата ќе биде отворено до 1ви март .