Македонија
2. August 2015 - 14:14

Над 60 натпреварувачи ја истрчаа првата прекугранична трка во Македонија

Шеесет и седум натпреварувачи од Македонија, Косово, Србија, Шведска и САД денеска трчаа на првата меѓугранична планинска трка во Македонија Shar Planina Sky Race. 

Со вкупна должина од 33 километри и висинска разлика од 2.450 метри, трката почна утрово во село Штрпце, Република Косово и заврши попладнево во Старо Село, во општина Јегуновце, каде на победниците им беа врачени медали од претставници од општината и од организаторите.

Златниот медал го доби Марјан Бонев од Македонија, со време од 4:30:42, додека со сребро се закити Ненад Живковиќ, од Србија. На трето место заврши Душко Момиќ, од Србија.