Над 60 македонски државјани вратени од Барбадос ќе останат во државен карантин
Шеесетина македонци по два месеци карантин на закотвени крузери на Барбадос, конечно се вратија во родната земја. Но, за разлика од нивните колеги од Србија и Бугарија, тие нема да си одат дома. Со автобус беа спроведени од аеродромот во државен карантин во Струга. Ниту еден од нив нема симптоми сомнителни на корона вирусот, велат од центарот за јавно здравје. Истото го тврдат и дод агенцијата која го организирала нивното враќање.
Покрај македонските државјани , во авионот патувале и 100тина граѓани од Бугарија и Србија кои работеле заедно со нашинците на крузерите. Тие немаат проблем да се вратат дома бидејќи државите од каде што потекнуваат не бараат задолжителен карантин ниту пак тест .
Ова е прв ваков чартер да пристигне на скопскиот аеродром од прекуокеанска земја . ПРетходно беа организирани т.н хуманитарни летови но од европски земји и тие патници поминаа државен карантин а потоа и задолжителна самоизолација. Инаку ова не е прв пат македонски државјани да минуваат часови во неорганизиран дочек на границите и да престојуваат во лоши услови.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар