Свет
25. December 2016 - 14:49

Над 54.000 луѓе евакуирани во Аугсбург поради неексплодирана бомба

Околу 54.000 жители на германскиот град Аугсбург утринава беа принудени да се евакуираат од своите домови, откако локалните власти открија неексплодирана бомба од Втората светска војна, јави дописникот на МИА од Берлин.

Градот во моментов е под целосна сообраќајна блокада се додека полициските експерти не ја демонтираат бомбата тешка од 1,8 тони, која што во текот на Втората светска војна ја фрлилиле авионите на британското Кралско воено воздухопловтсво.

Жителите на населбите во близина на бомбата, кои се дел од најголемата евакуација по Втората светска војна, празникот Божик го прославуваат надвор од своите.

Во операцијата се вклучени околу 1,000 полицајци и полициски возила опремени со силни звучници, преку кои луѓето беа повикувани да се евакуираат.

Евакуирани се и сите пациенти од една од најголемите болници во регионнот, а сите црковни настани во чест на Божик се пренесени во други делови од градот. Дел од граѓаните се сместени во спортски сали и училишта, а засега полицијата не може да каже кога бомбата ќе биде деактивирана.

Бомбата позната како „Уништувач на блокови“ била најголема користена во воздушните напади на британската авијација во периодот од 1942 до 1945 и можела да ги уништи сите згради во радиус од 1,5 километри.