Свет
22. January 2021 - 8:55

Над 50.000 се смртните случаи од Ковид-19 во Германија

Вкупниот број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Германија денеска го надмина прагот од 50.000, соопшти Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Од почетокот на пандемијата, институтот регистрирал вкупно 50.642 смртни случаи во Германија, од кои 859 во изминатите 24 часа – релативно низок број оваа недела.

Германските власти ги продолжија ограничувачките мерки против Ковид-19 – затворени училишта и продавници што не продаваат стоки за основни потреби до 14 февруари.