Свет
26. December 2017 - 8:24

Над 5.000 луѓе протестираа против помилувањето на поранешниот претседател Фуџимори

Над 5000 луѓе протестираа синоќа во перуанскиот главен град Лима и покрај божикните празници, против помилувањето на поранешниот претседател Алберто Фуџимори.Тие бараа оставка од претседателот на државата, кого го обвинуваат за политички договор по кој ја донел мерката.

Протестите беа организирани преку социјалните мрежи. На улиците во Лима беа распоредени голем број полицајци за да спречат демонстрантите да стигнат до клиниката во која Фуџимори се наоѓа од саботата заради аритмија и низок притисок.

Фуџимори (79), кој е со потекло од Јапонија, беше претседател од 1990 до 2000 година. Од 2007 тој отслужува казна од 25 години затвор заради корупција и злосторства против човештвото, бидејќи наредил убиство на 25 луѓе. Во неделата претседателот Кучински го помилува Фуџимори поради хуманитарни причини.