Над 500 планинари се искачија на врвот Клепа во чест на Калина Велевска и Александар Миновски
Над 500 планинари од Македонија и од планинарскиот клуб „Железничар 2006“ од Врање денеска се искачија на врвот Клепа на надморска височина од 1150 метри, во спомен на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски кои на денешен ден пред една година загинаа на Кајмакчалан.
Искачувањето го организираа општините Градско и Росоман и еколошките друштва „Грин Пауер“ од Велес и „Планинарски предизвик 12 врвови“ акција на ПД „Трансверзалец“.
Како што раскажа за МИА Веле Коцев од село Сирково, член на ПСК „Бистра“ од Скопје, лани и Калина учествувала на овој поход и заедно со останатите засадила свое дрвце кое го оградила со три камења. Денеска во нејзин и спомен на Александар учесниците на походот над теренот над село Сирково кон село Подлес засадија околу 500 зимзелени дрвца.
По напорното неколкучасовно искачување по стрмен терен кон врвот Клепа, сите учесници се спуштија во манастирот „Св.Архангел Михаел“ во близина на село Горно Чичево, а каде се одморија и се дружеа на заеднички ручек обезбеден од организаторите и војничко гравче од Велешкиот гарнизон на АРМ.
Коцев изјави дека целта на ова веќе традиционално планинарење на Клепа е да се поттикне руралното и градско население на помасовно планинарење. – Ние сме веќе презадоволни од масовноста бидејќи лани имаше 350, а годинава над 500 учесници,потенцира Коцев..
Срѓан Стошиќ од ПК „Железничар2006“од Врање за МИА изјави дека нивниот планинарски клуб учествувал на други планинарски походи, но првпат е тука на овој поход и е презадоволен.
-Задоволни сме од маршрутата иако малку напорно, но сепак вреди да се искачи на врвот на Клепа од каде погледот е прекрасен..Многу ни се допадна престојот тука и дружењето и пријателствата со колегите од планинарските друштва од Македонија со кои имаме одлична соработка потенцира Стошиќ.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи