Над 500 медицински сестри во Словачка дадоа откази
Врз основа на групни откази, од словачките медицински установи ќе заминат 540 медицински сестри, соопшти министерот за здравство на Словачка, Вилијам Числак.
Како што јави дописникот на МИА, според Словачката комора на медицински сестри од денеска им престанува работниот однос на 602 сестри, други 122 тоа ќе го сторат во март.
Според порталот на чешкиот весник „Хосподарске новини“, групните откази се во знак на протест против новиот Закон, кој не предвидува зголемување на платата за цел медицински персонал и не прави разлика во тоа кој колку годишно работно искуство има.
- Човечки, многу ми е жал. Сестрите ги напуштија своите пациенти и тоа прв пат во историјата на Словачка. Но, здравствената заштита за сите пациенти е обезбедена, изјави Числак.
Дел од медицинските установи, иако тврдат дека имаат над 60 процентна функционалност, побарале стручна помош од словачката војска.
Според словачките власти, во земјата има вкупно 13.000 медицински сестри.
Сестрите, за кои се тврди дека ќе немаат проблем да најдат работа во Чешка и Германија, добија поддршка и од лекарскиот персонал.
Овие настани му создаваат проблем и на актуелниот премиер Роберт Фицо, кој уште минатата недела вети разговори за поголеми плати на медицинските сестри, пред парламентарните избори кои земјата ја очекуваат во март.
Ново на Сител
-
Пендаровски – Џанг Ѕуо: Успешни односи, традиционално пријателство и прагматична соработка
-
На Кипар досега направени речиси 1,3 милиони тестови
-
Мета: Еден Албанец денес се чувствува многу побезнадежно од еден Сириец, Ирачанец или Авганистанец
-
Викендов врнежливо, од понеделник заладување
-
Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ
-
Куќен притвор за скопјанец заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје
-
Филипче: Во тек постапка за набавка на инсулин, надополнети се инсулинските аптеки
-
Обвинителен акт и притвор за 11 лица за организирање и поттикнување на трговија со луѓе