Балкан
30. August 2019 - 20:05

Над 500 бегалци и мигранти пристигнале на грчкиот остров Лезбос

Со 13 чамци 546 бегалци и мигранти вчера пристигнале на грчкиот остров Лезбос, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, мигрантите и бегалците биле забележани од крајбрежната служба на Грција во северниот дел на островот.

Во изминатиот период е зголемен бранот бегалци и мигранти на грчките острови, нешто што го забележаа и Мицотакис и Меркел на вчерашната прес-конференција во Берлин по нивната средба.