Над 50 видови пиво на „Пиволенд 2015“ во Скопје
На Скопската тврдина (Кале) од денеска до 6-ти овој месец, по осми пат, ќе се одржува традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2015“.
На „Пиволенд 2015“ ќе бидат понудени над 50 брендови пиво и гурманска храна. Годинава покрај домашни пива, како што најавија организаторите, ќе бидат понудени и пива од Мексико, Шпанија, Греманија, Чешка, Белгија... Оваа година акцентот ќе биде на белгиските, при што ќе бидат понудени над 20 брендови на пиво од оваа земја.
Петте фестивалски денови ќе бидат исполнети со богата музичка програма со настапи на големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство. На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат Тони Зен, Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Културно Уметнички Работници, Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела ...од странство ќе гостуваат Лемон Бакет Оркестра од Канада, Бркови од Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со Блендед Бру од Данска.
Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 200.000 денари.
Ново на Сител
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија