Свет
22. January 2016 - 8:40

Над 50 припадници на ОН минатата година загинале при извршување на своите службени задачи

Најмалку 51 службеник на ОН минатата година загинал при извршување на своите службени задачи, пренесе ТАСС, повикувајќи се на синдикатот на вработените во светската организација.

Во текот на 2015 година биле убиени 27 мировници, двајца полицајци и 24 цивилни соработници на ОН. Во оваа бројка не влегуваат четирите „сини шлемови“ од Руанда, кои на 8 август беа убиени од свој колега во Централноафриканската Република.

Втора година по ред најсмртоносна држава за припадниците на ОН е Мали. Во оваа северноафриканска држава во 2015 година својот живот го загибиле 25 соработници на светската организација.

Јужен Судан, најмладата држава во светот, е на прво место според приведени или киднапирани припадници на ОН. Четворицата припадници на светската организација, кои исчезнаа во оваа земја, и натаму остануваат со неизвесна судбина.

Во текот на последните четири години животот го загубиле вкупно 207 припадници на ОН.