Loading Video...
Свет
14. August 2019 - 19:09

Над 50 пожари во Грција

Илјадници пожарникари во битка со над 50 пожари во Грција. Најстрашна е огнената стихија на островот Евија која локалното население ја нарече и еколошка катастрофа. Голем број од населенеието било евакуирано од страв дека огнот може да стигне и до куќите. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го прекинал летниот одмор и поради вонредната состојба се вратил во Атина. Грција бара помош од Европската Унија, а канадери веќе пристигнале од Италија.

Грчките власти предупредуваат на голем ризик од пожари и оваа недела.