Над 50 лица се повредени во судирите во Звечан по судирот на Србите со косовската полиција и КФОР
Повеќе од 50 граѓани од српска националност се примени во болницата во Севрна Митровица со повреди здобиени по судирот со припадниците на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, во текот на протестите против новоизбраните градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јави МИА од Приштина.
Директорот на болницата во Северна Митровица, Златан Елек изјави за медиумите на српски јазик дека таму се примени 53 граѓани со повреди од шок-бомби и солзавец.
Тројца од повредените се задржани во болница, а еден од нив, според Елек, е во животна опасност.
Порталот на албански јазик „Газета Експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека двајца етнички Срби, од кои едниот е идентификуван како Драгиша Галјак, се тешко повредени и сместени на интензивна нега.
Неофицијално, повредени се и околу дваесет припадници на КФОР, а министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани соопшти дека се повредени 11 војници од таа земја, од кои тројца потешко, но не се во животна опасност.
Амбасадорите на западните земји акредитирани во Приштина побараа смирување на тензиите и им изразија поддршка на силите на КФОР.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Србија со јачина од 3,8 Рихтерови степени
-
Приведен 21-годишен скопјанец кој запалил автомобил
-
Шпанската полиција заплени 915 килограми кокаин на „Балканскиот картел“
-
Британија се вклучува во потрагата по заложниците во Газа
-
Остин: Израел има „морална одговорност“ да ги заштити цивилите
-
Почнува пописот на населението во Црна Гора
-
Четири лица загинаа во напад на католичка миса на Филипините
-
ЦУК: По една недела повторно ,,активирани'' пожарите на отворено