Над 400.000 луѓе годинава раселени во Авганистан
Долгата и се поинтензивна војна на на авганистанските власти против исламистичките бунтовници принуди повеќе од 400.000 луѓе да ги напуштат своите домови од почетокот на годинава, стои во извештај на ОН за состојбата со бегалците во Авганистан.
Само минатата недела се раселиле околу 12.000 луѓе, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарна координација.
Како знак на растечкиот конфликт, 31 отсто од раселените лица се регистрирани во северниот и североисточниот дел на Авганистан, кои претходно се сметаа за релативно мирни.
Во редовниот извештај на Канцеларијата на ОН, се објавени и детали за судирите меѓу безбедносните сили и талибанците, поради кои од провинцијата Сар и Пул, на пример, каде се води борба за контрола над неа, минатата седмица избегале 7.000 лица.
Во источните провинции Нангархар и Кунар, каде талибанците се борат со припадници на Исламска држава, во истиот период избегале 4.500 луѓе.
Минатата година, како резултат на авганистанскиот конфликт, беа раселени над 600.000 луѓе. ОН предвидува дека годинава околу 450.000 луѓе ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден