Свет
18. August 2019 - 14:06

Над 4.000 приведени во индиски Кашмир по укинувањето на уставната автономија на Кашмир

Неколку илјади луѓе се приведени во индиски Кашмир поради стравувања за немири откако Њу Делхи ја укина уставната автономија на Кашмир пред две недели, тврдат владини извори за западни медиуми.

Судија кој побарал анонимност, рече дека најмалку 4.000 лица биле уапсени и задржани според Законот за јавна безбедност, контроверзен закон кој им овозможува на властите да затворат некого до две години без обвинение или судење.

„Повеќето од нив беа протерани од Кашмир затоа што затворите тука веќе немаат капацитет“, рече судијата. Тој додаде дека користел сателитски телефон за да ги собере податоците од колегите низ таа област поради прекин на комуникацијата наметната од властите.