Бизнис
2. March 2016 - 19:54

Над 300.000 граѓани се уште не поднеле Годишна даночна пријава

Уште  300 илјади граѓани немаат поднесено годишна даночна пријава. Рокот истекува за две недели,а  законската обврска досега ја имаат исполнето 130 илјади лица. 400 тини од нив тоа го направиле електронски.

Од Управата велат дека  како се наближува  15 ти  март,  почнуваат и гужвите на шалтерите, а бројот на дневно поднесени пријави расте.  

Обврска за пријавување на приходите имаат сите  физички лица кои лани освен плата и пензија, дополнително заработиле  и од крии, од склучени авторски договори, од игри на среќа , остварени  приходи преку интернет од електронска трговија, од услуги извршени преку специјализирани страни од поставување на реклами на сосптвени интернет страни и заработка  од прогнози и дојави на типови за спортски натпревари.

Годинава УЈП очекува 430 илјади  граѓани да поднесат даночна пријава . Исто толку имало и лани. Зголемениот број на пријави  е поради  исплатата на  К-15 , законска обврска  која почна да важи  од пред две години.

За пријавување на дополнителните приходи потребен е образец ПДД-ГДП кој е бесплатен.  Се доставува електоронски, во пошта или во најблиските пунктови на УЈП.

Казните за неподнесување на  годишна даночна пријава се движат од 100 до 200 евра.

ОД УЈП  апелираат  и до фирмите, пресметките за приходите од бруто плата да ги достравуваат  електронски, со што ќе заштедат и време и трошоци.