Свет
25. April 2019 - 14:35

Над 300.000 бегалци добиле азил во ЕУ во 2018 година

Според податоците на Евростат, во текот на изминатата година, земјите членки на ЕУ им доделиле азил на повеќе од триста бегалци, најчесто од Сирија.

Дваесет и девет отсто од прифатените азиланти биле од Сирија, која останува на првото место на земји чии државјани добиваат азил во земјите на ЕУ. Следуваат Авганистан и Ирак, иако за сите три земји е забележано намалување на бројот на доделени статуси во споредба со 2017 година.

Во Европската Унија, Германија била земјата со највисока стапка на одобрени барања за азил, потоа Италија и Франција.

Што се однесува до стапката на одобрување за барателите на азил, Сиријците и Еритрејците бележат највисока со 88 и 83 проценти, додека најмалку шанси да бидат признаени како азиланти имале државјаните на Грузија со пет отсто и државјаните на Албанија со осум проценти одобрување.