Свет
30. December 2015 - 8:42

Над 30.000 евреи од цел свет се преселиле во Израел во 2015 година

Над 30.000 евреи мигрирале кон Израел во 2015 година што е рекорд во изминатите 12 години. Зголемувањето е за 10 отсто во споредба со 2014 година.

Само од Франција пристигнале 7.900 евреи што е годишен рекорд. Тој пораст делумно се објаснува со антиеврејските и антиизраелски пројави и конкретно со нападите на исламски екстремисти врз сатиричниот весник Шарли ебдо и еврејски маркет во Париз во јануари.

Други држави – главни извори на имигранти во Израел се Русија, САД, Украина и Канада. Најмногу од новопристигнатите во Израел се населиле во Тел Авив – 3.650 луѓе.