Македонија
11. February 2019 - 16:00

Над 300 возачи возеле брзо на патиштата на истокот

Полициските контроли низ источна Македонија во изминатите 10 дена покажале дека возачите и понатаму своите возила ги управуваат со брзина поголема од дозволената. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека санкционирани се вкупно 325 возачи.

-Од извршената контрола 178 возачи управувале со брзина над дозволената во населените места, додека 147 надвор од населено место. Санкционирани се вкупно 325 возачи. Санкционирани се и 98 за останати прекршоци, вели Панајотова.

Инаку брзото возење е една од причините за тешките сообраќајни несреќи во овој регион, каде жртви се возачите и сопатниците, но и пешаците. Панојотова апелира учесниците во сообраќајот да возат согласно сообраќајната сигнализација на патините правци, а во наредниот период продолжуваат и со други акциски контроли.