Loading Video...
Свет
13. November 2017 - 16:05

Над 300 мртви и над 6.000 повредени лица во катастрофалниот земјотрес во пограничниот регион на Иран со Ирак

20 секунди траел катастрофалниот земјотресот што  синоќа  го  погоди  реонот во близина на границата меѓу  Ирак и Иран.

Потресот со јачина од 7, 3 степени според Рихтер уби најмалку 330 луѓе  а над 6000 се повредени.  Спасувачките екипи  ги вложуваат сите напори да пронајдат прежиевани под урнатините.

Речиси сите жртви се од иранската провинција Керманшах. Најмногу погоден е градот Сарпол е Захаб. Материјалната штета е голема. Голем број куќи и згради се  целосно уништени или оштетени.

На 70 000 луѓе им е потребно засолништето.   Големи оштетувања има и главната болница во градот, па повредените се препраќаат во соседните градови. Во прекин е  електричната  енергија  и телекомуникациите.  

-Одеднаш падна стаклото од масата. Многу чудно. Вентилаторот почна да се тресе. Се исплашивме бидејќи знаевме дека мора да бегаме, куќата ни е стара, вели Иранец.

Значително помал  е бројот на жртви , како и    материјалната штета од ирачката  страна.  

- Ние немаме  многу жртви како Иран. Бројот на загинати во Ирак е 9  соопшти претсавник на ирачкиот Црвен Крст.

Потресот го почуствувале и жителите на југозападна Труција, на Израел и на Кувајт. Утрово два поголеми земјотрести се забележани и во Јапонија и во Костарика. Во потресот во Костарика загинале 3 лица.