Балкан
10. September 2017 - 14:33

Над 300 ирачки бегалци пристигнаа во Кипар

 

Два брода натоварени со 305 сириски бегалци, пристигнаа синоќа во Кипар, соопшти денеска кипарската полиција, нагласувајќи дека тоа е една од најголемите групи мигранти, кои пристигнале на островот од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година.

Бродовите допловиле до северозападниот брег на Кипар и се претпоставува дека тргнале од турскиот град Мерсин.

Кипар е најблиската земја-членка на Европската унија до Сирија, но бегалците го избегнуваат тој остров, бидејќи од него немаат лесен пристап до континентот. 

Бегалците ќе бидат испратени во прифатен центар западно од Никозија.