Македонија
28. March 2021 - 16:38

Над 300 „диви“ возачи улови полицијата на македонските патишта за еден ден, возеле и над 200 км на час

Казнети возачи кои вчера возеле и со над 200 километри на час. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека само во текот на вчерашниот ден изречени се 325 казни за возење со брзина поголема од дозволената. Полициските радари регистрирале возачи кои возеле со 190 и дури 207 километри на час.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, особено кога станува збор за дозволената брзина на движење, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Максималните казни за возење со брзина над дозволената изнесуваат 400 евра, но и одземање на возачката дозвола за период од шест месеци.