Македонија
16. јуни 2018 - 16:53

Над 250.000 млади од земјава се иселиле во изминатите години

Паѓа во вода стереотипот дека материјалниот или финансискиот фактор е главна причина за „одливот на мозоци“ од Македонија. Ова го потврдило интернационалното истражување на проф. Љупчо Кеверески, од Педагошкиот факултет во Битола, спроведено во 6 држави од Западен Балкан и две компаративни земји, Словенија и Хрватска.

- Експлицитните фактори говорат дека на терен се материјално – егзистенцијалните услови, но ние дојдовме до некои резултати кои укажуваат на ревизија на таа теза, дека сепак, покрај тие фактори, доминираат и социјално – етичките, психолошките фактори и детерминанти кои што ја обликуваат таа статистичка слиа во регионот- изјави Љупцо Кеверески

Во зависност од статистичките извори се добиваат  различни бројки за трајно иселени лица. Во моментот се оперира со бројка од 250 000 иселени претежно млади лица од Македонија и 1, 5 милиони вкупно од регионот на Западен Балкан, кои од најразлични причини мигрирале од своите матични земји.