Македонија
14. April 2016 - 23:28

Над 20.000 граѓани од ГДОМ за избори и во одбрана на националните и државни интереси на Македонија

Мирно и со песна  над 20 000 граѓани се собраа да изразат револт против аболицијата на ЗАев и Верушевски и вандализмот предизвикан од нивни поддржувачи на протестите. Граѓани од цела Македонија масовно повикаа на избори и застанаа против како што велат деструктивните политики на СДСМ. Оц центарот на Скопје до седиштето на СДСМ втор ден  протестираа мирно со транспаренти „Народот ќе ви суди“ и „ОДБРАНА“. Пеејќи патриотски песни, достоинствено се спротиставија на насилното сценарио за како што велат рушење на институциите и газење на народната волја. Од граѓанското движење ГДОМ порачаа  дека нема да дозволат украинско сценарио во Македонија, а децидно посочуваат дека избори на 5 јуни треба да се одржат за излез од заложништвото и политичката криза во која, како што додаваат, Заев и СДСМ ја втурнаа Македонија.

Остро се спротиставија и спортистите и архитектите. Порачаа македонскиот народ нема да дозволи раздор и уништување на државата исконска. Повикаа да не се откаже никој од нив од најсилното оружје од својот збор и преку избори да одлучат кој ќе влезе во законодавниот дом. Редно е велат граѓаните Македонија да излезе од наметната криза од опозицијата и да продолжи да оди напред.

Граѓаните дадоа поддршка и до полицијата и рекоа доколку е потребно и тие ќе излезат на помош за да ги заштитат државните институции од насилните демонстранти.

Со песна и скандирања масата мирно се разиде од пред седиштето на Бихаќка каде порачаа дека оваа криза ќе заврши со избори на 5 јуни каде народот ќе одлучи за иднината на државата.