Loading Video...
Спорт плус
28. March 2019 - 15:02

Над 2.000 натпреварувачки в недела ќе настапат на женската трка

Во недела во Скопје ќе се одржи поуларната женска трка годинава со рекорден број на учеснички.
 
Трката е во организација на Сојуз на спортови на Град Скопје, а под покровителство на Град Скопје и Агенција за млади и спорт како дел од промотивните трки на Виз ер Скопски Маратон 2019, ќе се одржи на  3  март,  а на истата се очекува рекорден број на натпреварувачки. 
 
„Со гордост би истакнал дека бележиме рекорден број на пријавени кандидатки на трката. Пред завршување на последниот круг пријавувања се сруши рекордот од над 2.000 натпреварувачки. Кандидатките кои се пријавија пред 28-ми февруари преку купување на dry-fit маичка донираа по 100 денари за помош на Снежана Караџовска заради остварување на нејзината желба за повторно да прооди. Оние кои нема да се натпреваруваат или пак сакаат да помогнаат со донација, тоа ќе може да го направат со отворени донации во кутии на 31-ви март.“, рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.
 
Стартната точка е кај фонтаната Лотос на булеварот Илинден во Скопје со почеток во 09:30 часот.