Над 1.800 Австралијанци заедно ги набљудуваа ѕвездите за нов Гинисов рекорд
Австралискиот национален универзитет во Канбера соопшти денеска дека е соборен светскиот рекорд за најголем број на луѓе кои на едно место заедно ги набљудувале ѕвездите.
Над 1.800 професионални астрономи и аматери се собраа на универзитетскиот кампус во петок вечерта и заедно ги набљудуваа ѕвездите, изјави организаторот на настанот Бред Такер од Истражувачкото училиште за астрономија и астрофизика.
- На почеток беше облачно, но со приближување на моментот за соборување на рекордот небото се расчисти и можевме да ја видиме месечината, изјави Такер.
Сите учесници носеа телескоп, двоглед или некој друг инструмент со кој ги набљудуваа ѕвездите.
Претставниците на Гинисовата книга на рекорди потврдија дека рекордни 1.869 лица заедно ги набљудувале ѕвездите. Претходно рекордот изнесуваше 640 лица.
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023