Свет
23. October 2016 - 13:30

Над 170 осуденици побегнаа од затвор во Хаити

Повеќе од 170 затвореници ги совладаа чуварите на затворот во централниот дел на Хаити и им го одзедоа оружјето, а потоа убија еден чувар и побегнаа, соопштија денеска локалните власти.

- Инцидентот се случи во затворот во градот Аркаја, околу 50 километри северно од Порт О Пренс, бегалците убија еден чувар од огнено оружје, а повеќемина се повредени, изјави судијата Анри Клод Луи-Жан.

Затворите во Хаити се пренатруипани, а голем број луѓе поминуваат повеќе години во притвор до правосилна пресуда.

Во тек е потера по бегалците, а полицијата побара од локалното население строго да ги следи полициските упатства додека не бидат фатени затворениците.