Македонија
9. March 2021 - 12:38

Над 1500 контроли во Струга – Казнети само 3 угостителски објекти

Струшките пазарни инспектори со полни раце работа.Се чешлаат угостителски објекти во градот на мостовите.Од направените околу 1500 контроли само во месец февруари инспекторите изрекле 8 прекршочни мерки од Законот за забрана на пушење и 3 мерки за непочитување на законот за заштита на населението од заразни болести, а затекнале еден нерегистриран објект кој обавувал дејност.

Најчестите прекршувања се однесуваат на не почитување на работното време до 21 часот и групирања на повеќе лица во угостителски објекти.

Од струшкиот пазарен инспекторат оваа година не затекнале угостителски објекти кои ги повторуваат прекршоците за разлика од мината година каде еден ист  објект заработил три кривични пријави.