Над 150 затрупани при две свлечишта во Шри Ланка
Најмалку 150 лица веројатно ги загубиле своите животи, откако останаа затрупани под одрони на земјиште предизвикани од две свлечишта во централните делови на Шри Ланка, до кои дојде по три дена поројни дождови.
Според податоци на локалната служба за справување со вонредни состојби, спасувачките екипи досега во одронетото земјште успеале да пронајдат безживотни тела на 35 лица.
Поради свлечиштата и поројните дождови, властите во тој дел на Шри Ланка евакуираа над 196.000 лица.
Најтешка е состојбата во реонот на градот Аранајака, на 100 километри североистоно од Коломбо, каде свлечиштата срамнија со земја и затрупаа три села.
Претставник на Црвениот крст на Шри Ланка, Невил Нанајакара, кој се наоѓа во погодените подрачја, во изјава за локалните медиуми изрази стравување дека конечниот биланс на жртвите ќе биде многу поголем од досега официјално соопштните бројки.
Според него, при елементраната непогода животите најверојатно ги загубиле меѓу 300 и 400 луѓе.
Во меѓувреме, властите соопштија дека воени хеликоптери усепале да евакуираат над 200 лица, кои останале блокирани во северозападниот крајбрежен регион Путалам.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право