Македонија
20. October 2017 - 16:12

Над 1.300 вакцинирани против грип во Кочани, Делчево, Виница, Берово и Пехчево

 Од Центарот за јавно здравје на Кочани кој ги покрива и општините Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово информираат дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип е голем.

Директорот на Центарот за јавно здравје - Кочани, Маградела Манасиева истакна дека за Кочани биле обезбедени 900, за општините Делчево и Македонска Каменица 500, Виница 450, Берово 350 и за Пехчево 200 вакцини.

- За само три дена се потрошени над 1.300 вакцини што е половина од набавените, истакнува Манасиева.

Во Кочанскиот центар за јавно здравје се потрошени 500 вакцини, во Делчево 325, во Виница 340, во Берово 100 и во Пехчево 40 вакцини.

Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се прима доброволно. Вакцинирањето против сезонски грип чини 400 денари, како и минатите години